Македонија

Мицкоски и Апасиев заедно против ЕУ, смета власта

„Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев заедно делуваат против ЕУ и заедно хистерично шират невистини“, смета СДСМ.

Од партијата додаваат:

Исто како што лажеа за измислена Тиранска платформа, за кантонизација, за кампови со мигранти, сега лажат за измислена бугаризација која не постои.

Протест за кое било прашање е уставно гарантирано право, но за предлогот на француското претседателство тече процес на широки консултации со сите политички и општествени чинители.

Она што е најважно, во предлогот се вградени нашите забелешки и ставови, имаме чист македонски јазик во ЕУ, без додавки и фусности, историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.

Македонскиот народ никој досега не успеал да го асимилира, ниту го асимилира и тоа нема да се случи ниту во иднина.

Оваа анти-НАТО и анти-ЕУ коалиција на Левица и ВМРО-ДПМНЕ не и мисли добро на државата туку напротив, сака да ја закочи, да ја блокира, да и наштети.

Ништо ново не се деструкциите, блокадите, обидите за нови поделби од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, но тие секогаш биле препознавани и поразувани, така ќе биде и сега.

To Top