Свет

ОН со извештај за страдањата на децата во воените зони

Во текот на 2021 година, според извештајот на ОН, биле убиени 2.515 деца, а 5.555 биле осакатени, додека 6.310 деца биле регрутирани и злоупотребувани во конфликти ширум светот.

Извештајот е насловен „Деца и вооружени конфликти“.

Други прекршувања откриени во извештајот на ОН вклучуваат киднапирања, сексуално насилство, напади на училишта и болници и одбивање на основна помош, пренесува Ројтерс.

Најголем број потврдени прекршувања над деца, минатата година се случија во Јемен, Сирија, Авганистан, Демократска Република Конго, Сомалија, Израел и палестинските територии.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш најави дека следната година во извештајот „Деца и вооружени конфликти“ ќе бидат вклучени евидентирани прекршувања на правата на децата во Украина, Етиопија и Мозамбик.

Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за деца и вооружени конфликти, Вирџинија Гамба изјави дека најзагрижувачки се извештаите за кршење на правата на децата во конфликтите во Украина, кои вклучуваат убиства и осакатување на деца и напади на училишта и болници.

На почеток