Актуелно

(ВИДЕО) Пендаровски го отвори Охридско лето: Од уметност на живеење, дојдовме до уметност на преживување

Започнаа 40 денови исполнети со уметност во Охрид. Претседателот Стево Пендаровски го отвори 62. издание на „Охридско лето“. Тој имаше свое обраќање, по што беше кренато знамето и запален фестивалскиот оган.

„Сведоци сме на непочитување на човековите права и слободи, тектонско изместување на вредностите, на војни. Стануваме имуни на туѓото страдање, а исчезнува грижата. Од уметност на живеење, дојдовме до уметност на преживување. Што е она што повторно може да го облагороди животот, да го врати значењето на етиката? Одговорот го знаат уметниците и што друго, ако не креативното и убавото. Уметничката прегратка, додека трае, попречува секаков поглед на бедата на светот“, порача меѓудругото претседателот Пендаровски.

Охридско лето ќе има низа настани кои ќе траат до 20 август, а на кои свои перформанси ќе имаат врвни уметници од земјава и странство.

На почеток