На денешен ден почнала француската буржоаска револуција, кога во македонското Собрание се расправа за францускиот предлог
Секоја година на 14 јули, французите го слават- “Le jour de la prise de la Bastille” – заземањето на затворот во Париз, ден на кој се одбележува Француската револуција од 1789 година. Денес, позната е парадата на Champs Elysées на која присуствува и претседателот на Републиката, и обично е проследено со концерти, танц и музика ширум Франција.
Една од причините за револуцијата е дека, пред 1789 година француското општество било поделено на сталежи: сталеж на свештенството, кој опфаќал околу 100.000 лица; сталеж на аристократијата (благородниците) – 400.000 лица, и сталеж на народотсоставен од сите останати (околу 23 милиони луѓе). Сталежите на свештенството и на аристократијата не плаќале даноци и имале многубројни привилегии. Во сталежот на народот, пак, со текот на времето се развила силна буржоазија која сакала да има поголем удел во владеењето на земјата. Тоа довело до класен конфликт.
Друга причина за револуцијата била финансиската криза во Франција. Луј XVI направил обид за излегување на земјата од кризата и вовел даноци и за свештенството и за аристократијата.
Ова се неколку интересни факти за оваа револуција:
1. Селаните морале да плаќаат огромни даноци на нивните господари, додека благородниците и луѓето блиски до кралот биле целосно ослободени од даноци.
2. Преку 18.000 луѓе биле погубени на гилотина за време на француската револуција, и воведувањето на режимот на терор организиран од страна на Робеспиер, кој исто така заврши на гилотина .
3. Томас Џеферсон бил амерички министер во Франција за време на француската револуција.
4. Книгата на Чарлс Дикенс – “A tale of two cities” беше пишувана за време на француската револуција.
6. Кога затворот на Бастилија бил нападнат на 14 јули 1789, во затворот имало само 7 затвореници, но револуционерите пред се дошле за големото количество на оружје и муниција кое се складирало во тој затвор.
7. Кралот Луис 16-ти беше погубен со само 73 гласови повеќе, 361 гласале ЗА егзекуција, а 288 биле против.
8. Се верува дека Мариа Антонеата платила со злато на својот егзикутор за да се осигура дека сечилото на гилотината ќе биде доволно остро и дека нејзината смрт ќе биде брза.
9. 10.000 афрички робови биле ослободени после револуцијата.
10. Протестантската и еврејската религија после револуцијата станале легални и доста влијателни во државата
11. Кога кралската фамилија проба да избега од Франција, тие многу брзо биле препознати и фатени поради фактот што ликот на кралот бил на секоја монета.
Овој ден, коинцидира со денот кога во Македонија започнува расправата за францускиот предлог.