Актуелно

(ВИДЕО) Јаулески го запали францускиот предлог во Собрание: Устав ќе отвориме само за да ги вметнеме СДСМ како предавничка партија

Пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ го запали францускиот предлог среде собраниска сала, за време на седницата. За пратениците од СДСМ рече: „Вие, гласачка машинеријо на Заев, Таче и Ахмети во Соранието на Република Македонија,сакате да ја заковате последната шајка од ковчегот на Македонија. После ова, ако го изгласате ќе бидете запишани како гробарите на Македонија“.

Тој им посочи: „со Преспанскиот го ископавте гробот,а со овој француски предлог го затрупувате“.

Јаулески додаде:

Гласањето на овој предавнички договор значи дека потишувате бугаризација на Македонија. И ќе го изгласате овој т.н “француски предлог” кој што уште го криете, но и тоа нема да биде трајно. ВМРО нема да дозволи да се отвори Уставот и истиот да се промени! Тоа на секому да му е јасно! Ако отвориме Устав тоа е за да ве вметнеме вас СДСМ како предавничка партија и антидржавен елемент. Koга го слушав Бујар Османи дека овој “француски предлог” има реципроцитет за момент помислив дека :
-ќе се вметнат македонците во бугарскиот устав и дека конечно после неколку пресуди на Европскиот суд за човекови права, конечно буарската држава ќе дозволи регистрација на ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН,
– дека на таблите на културно-историските споменици во Пиринска Македонија ќе има македонски ознаки,
– дека историските читанки во Бугарија ќе се ревидиираат согласно желбите на нашите историчари,
– дека ќе има санкции за ширење говор на омраза кон македонците, макар и тоа доаѓало од профашитички евопратеници како Ковачев кој Бугарија ја гледа од Црното море до Охрид,
– дека ќе има репарација и рехабилитација на репресираните македонци од Пиринска Македонија во комунистичкиот режим на Бугаија, после 1948 година па се до денес.
– дека ќе се отворат архивите на државната безбедност на Бугарија и дека ќе се лустрираат сите агенти кои ги кршеле основните човекови права на Македонците.

Нажалост не е така, овој договор нема никаков реципроцитет. Ова е резултат на немање црвени линии, на коленичење, на влада без кичма, ова е договор кој е ултиматум и во целост ги исполнува бугарските барања.
Да ве потсетам, во овој законодавен дом изгласавме Резулуција за утврдување на македонските државни позиции! Со вашето прифаќање на овој предлог ја кршите истата таа резолуција која што е обврзувачка!
И немој да мислите доколку викате помош од надвор да ни држат нас говори тука, ќе успеете да не убедите дека е ова добро. Не, не е!

Никогаш нема да биде добро бришење на идентитетот!
Никогаш нема да биде добро бришње на нашата историја и пишување нова по теркот на Софија!
Никогаш нема да биде добро оспорувањето и бришењето на македонскиот јазик!
Целата ЕУ донесете ја, овој народ кој изминативе 10 дена ве поздравува ништо нема да го убеди!

Што е бе добро овде?!
Нема да не убедите дека има нешто добро во тоа да потпишете дека Гоце Делчев е бугарин и се борел за бугарската кауза. И не само Гоце, вие ги продавате и АСНОМците.
Вие го бришете АСНОМ од Уставот и ги амнестирате бугарските фашисти кои ја окуирале Македонија и вршеле злосторства врш нашите предци, кои пратиле над 7000 Евреи во Треблинка, кои никогаш не се вратиле!
Дирекните соработници на психопатот Хитлер вие ги правите ослободители!
Наместо да се прифаќаат вакви понижувачки предлози, вие требаше да прогласите КРАЈ на било какви разговори за историјата, јазикот и идентитетот.

Ако негоаш сакаме да влеземе во ЕУ, тоа треба веднаш да го направите !
Со прифаќање на овој предлог никогаш нема да влеземе!
Со ставање потпис на ваков предлог тоа е невозможно! И давате право на Бугарија да става ВЕТО кога сака и на што сака!

Сакам да се обратам и до моите сограѓани Албанци од Струга, но и од цела Македонија:

Почитувани сограѓани, да се заблагодарам на секојдневната поддршка која што ни ја давате, тоа е начинот на којшто досотинствено и домаќински се градат односи на соживот. Жалам што овојпат вашите политичари албанци во ова собрание одбраа да застанат спротивно на македонскиот народ и да ја загрозат довербата која што тешко и макотрпно се градеше. Ние знаеме дека политичарите не се народот. Тие се Вашите вечни непријатели иако ви се прават најголеми пријатели. 20-30 години не им требаше преговори за да крадат, да ве осиромашуваат и да ве исселуваат по западните европски земји. Од една страна ви ветуваат еворпска иднина, а од друга страна станаа милионери на вашиот грб и на сите наши другари кои секојдневно се исселуваат. Не треба преговори за да се направи канализација во Арачиново, за да има чиста вода во Тетово, за да има чист воздух во Кичево и за да има развиен туризам наместо дивограби во Струга.

И немојте мене да ми кажувате како се гради соживот, јас живеам во Струга, а таму со години живееме како едно. Ве лажат дека на сметка на мојот идентитет ќе имате подобар живот. Не, нема биде да подобар! Мизеријата ја делиме заедно и ќе ја делиме и понатаму. После ова предавство ниту ќе имате канализација во Арачиново, ниту подобар живот. Ќе имаат само пајташите на Артан И ахмети, ќе ја цицаат државава а вас ке ви продаваат сон за подобар живот кој никогаш нема да го имате. Никогаш, додека гласате за овие луѓе кои децениии ве лажат!
Прогледајте и дајте заедно да влеземе во ЕУ, достоинствено и чесно! Заедно да се бориме за оваа држава!

А сега малку и до ЕУ:
Господа ние сакаме во ЕУ, ама не сакаме вака. Не сакаме да не уценуваат, не сакаме по цена да не сме свои таму каде што ќе бидеме.
Наместо нас да не убедувате тука дека црното е бело, а белото е црно, одете во фашизмот кој уште владее во нашата соседна држава и барем кажете им да ги почитуваат пресудите на Вашиот и нашиот европски суд за човекови права! Дека загарнитраните универзални човекови права на секој граѓанин неможе да бидат предмет на разговори!
Поддршката на еден ваков предлог, ве прави соучесници, а кај народот во Македонија не многу омилено.
Ова ви го кажувам тука од оваа говорница во најдобра намера.
Огромното мнозинство од Македонци во Република Македонија не го поддржуваат овој предлог, не заради тоа што се против ЕУ, туку заради тоа што сакаат да си ги заштитат своите културни, јазични и историски карактеристики.
Имаат право на тоа.
Имаат право да го изберат начинот како ќе го направат тоа.
Ние сме Македонци од Македонија кои говорат македонски јазик и кои имаат своја историја, традиција, културиа , обичаи и обележја!

На крајот на овој циркус, една порака до сите, до ЕУ и Бугарија:
Многу окупатори во минатото ја газеле оваа земја,многу војски се изживувале врз Македонците, Турците, Албанците, Ромите и сите останати кои со векови живеат тука, но ниту една војска и окупатор не успеал да не уништи. Ако мислите дека со овој потег ќе не направите послаБи, се лажете! Нпротив ќе бидеме уште посилни и ќе истраеме! Никој не победил народ!
Овој народ живеел и ќе живее!
Оваа земја опстоила и ќе опстои!
Да живее Македонија!“.

На почеток