Актуелно

„Таканаречените албански партии се најголеми генератори на меѓуетнички тензии“, тврди Мојсоска по гласањето за францускиот предлог

Јована Мојсоска, дел од раководството на Левица, вели: „Таканаречените албански партии се најголеми генератори на меѓуетнички тензии“.

Таа потсети како се гласало за францускиот предлог, односно дека „од 80 пратеници Македонци, само 32 гласале ЗА, од 32 пратеници Албанци, 30 гласале ЗА“.

Мојсоска додава:

Односно, за најсензитивното македонско национално прашање, помалку од 50% од пратениците Македонци гласале. Оваа одлука е донесена речиси со еднаков број на гласови на Македонци и Албанци пратеници. Иако 70% од Македонците се против вчерашниот предлог, албанските партии не покажаа никаков сенс да се дистанцираат од гласање за прашање кое е болно за македонскиот народ.

Ниту пак видовме албански интелектуалци да повикаат тн албански партии да се дистанцираат во прашања кои задираат силно во македонскиот идентитет – во име на добрите меѓуетнички односи. За легитимноста на албанските партии кај албанскиот електорат, говори излезноста за референдумот за промена на името во општините во Западна Македонија – која беше под 50%. А либералната македонска јавност ја нема со никаква критика кон овие партии, кои почиваат врз етно-центризам и отворен сепаратизам.

На почеток