Актуелно

Кражба со автоматска пушка во Ѓорче Петров, полицијата со детали

Денеска полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ј.Л.(23) од с.Крушопек и Ш.И.(31) од Скопје, кои се сомничат дека во 15.30 ч. во продажен салон на подрачјето на Ѓорче Петров со закани со оружје кон вработените одзеле пари и производи. При обидот за бегство со ПМВ“Фолксваген Кеди“ биле забележани од полициски службеник од Полициска станица Ѓорче Петров, кој во содејство со полициски службеници од Полициско одделение Сарај во близина на мостот Сарај успеале да го запрат возилото, во кое биле пронајдени една црна вреќа со украдените пари, производи и автоматска пушка, додека двете лица се дале во бегство. Малку подоцна, во близина на с.Кондово тие биле пронајдени и приведени, а во непосредна близина биле пронајдени пиштол, пари, мобилни телефони и други предмети поврзани со кривичното дело.

Тие се сомничат дека извршиле уште две кривични дела разбојништво, кои во службен разговор ги признале. Увид ќе се врши и по документирање на случајот против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток