„Ако светот не покаже сила да ја одбрани нуклеарната централа, тоа ќе значи дека ја загубил битката со тероризмот“, вели Зеленски
Светот ќе загуби од тероризмот и ќе подлегне на нуклеарната уцена ако ништо не се преземе за да се спречи несреќата во нуклеарната централа Запорожје, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Ако светот сега не покаже сила и решителност да ја одбрани нуклеарната централа, тоа ќе значи дека светот ја загуби битката со тероризмот и се предаде на нуклеарната уцена“, рече Зеленски за време на своето видео обраќање, пренесува Ројтерс.
Русија ја презеде нуклеарната централа Запорожје, најголемата нуклеарна постројка во Европа, набргу откако ја нападна Украина во февруари, во она што Кремљ го нарекува „специјална воена операција“.
Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на Запорожје во текот на изминатата недела.