Европа би можела да добие нови телефони на преклоп од Oppo
Кога ќе се спомнат телефоните на преклоп или моделите со флексибилен екран, првата компанија на која повеќето мислат е Samsung. Сепак, минатата година Oppo го потресе пазарот со својот модел Find N, но тој беше достапен само во Кина.
Сега се чини дека Oppo подготвува неколку нови модели, кои ќе бидат наследници на оригиналниот телефон Find N, со кој компанијата ќе им конкурира на Samsung и неодамна објавените модели Galaxy Z Fold4 и Z Flip4.
Според неодамнешниот извештај, Oppo се подготвува да претстави два телефони на преклоп оваа есен, што ќе ја подели линијата Find N на две одделни линии (како серијата Galaxy Z).
Еден од телефоните би можел да биде Oppo Find N Fold и би бил директен наследник на минатогодишниот модел Find N. Другиот би можел да биде Find N Flip и би бил преклопен уред сличен на Galaxy Z Flip4.
Според извештаите, двата телефони се регистрирани во агенцијата EUIPO, што значи дека постојат големи шанси овој пат да ги видиме надвор од Кина.
Засега нема многу информации за споменатите телефони. Се очекува тие да бидат објавени со чип Snapdragon 8+ Gen 1. Повеќе детали се очекуваат кога Oppo ќе го објави официјалниот датум на издавање на телефонот.