Магазин

(ВИДЕО) Објавен првиот трејлер за новата серија на Нетфликс: Кетрин Зета Џонс како Мортиша Адамс

Нетфликс ги објави првите фотографии од новата серија за семејството Адамс „Wednesday“, а веќе е познато дека Мортиша Адамс ќе ја игра актерката Кетрин Зета Џонс, а ликот на нејзиниот сопруг Гомез Адамс ќе го игра Луис Гузман.

Серијата „Wednesday“ ќе има осум епизоди, а заплетот се фокусира на времето кога Среда Адамс, која ќе ја игра Џена Ортега, студирала на академијата „Нивермор“.

Режисер на оваа серија ќе биде Тим Бартон.

Инаку, пред Кетрин Зета Џонс, актерките Каролин Џонс и Анџелика Хјустон ја глумеа Мортиша Адамс, додека Шарлиз Терон го позајми гласот за овој лик во серијата „Семејството Адамс“.

To Top