Магазин

Пливање во пештера, хранење гулаби: 10 работи што никогаш не треба да ги правите во Италија

Со цел подобро да се справат со големиот број туристи кои ја посетуваат земјата, а во исто време да ги зачуваат своите градови и населени места, италијанските власти во последните години донесоа низа правила.

Некои од нив можеби веќе ви се познати, како онаа да не се седи на Шпанските скали во Рим, а некои можеби не.

Ова се 10 работи што никогаш не треба да ги правите во Италија

1. Фотографирање во внатрешноста на Сикстинската капела (Можете да ги фотографирате музеите на Ватикан, но тоа е строго забрането во капелата).

2. Седење на шпанските скали во Рим.

3. Јадење храна на улиците во строгиот центар на Фиренца; Via de’ Neri, Piazzale Degli Uffizi, Piazza del Grano и Via Della Ninna од 12:00 до 15:00 часот и од 18:00 до 22:00 часот. Поточно, тоа значи дека не смеете да одите наоколу со, на пример, сендвич и да го јадете на улица.

4. Хранење на гулабите на плоштадот Св. Марко во Венеција.

5. Капење во римската фонтана Треви.

6. Неовластено снимање со дрон во урбани средини, особено во старите градски центри.

7. Ставање „љубовни“ катанци на мостовите во Рим и Венеција.

8. Пливање, нуркање или капење во венецијанските канали.

9. Пливање во Сината пештера на Капри. Можете да ја посетите со брод, но пливањето во самата пештера е строго забрането. Ако не ви се верува, прашајте ја Хајди Клум, која плати висока казна во 2019 година, бидејќи решила да плива во пештера.

10. Земање песок од плажите во Сардинија (генерално важи за сите плажи, но особено за оние на Сардинија). Ваквото однесување може да ве одведе дури и во затвор.

На почеток