Македонија

По четири месеци чекање, Владата најде замена за Бухова, а таа замина од директорската позиција во ДСЗИ

Покрај Арафат Муареми кој се повлече од директорската позиција во Финансиската полиција, Владата треба да и најде замена и на Иринка Сотирова-Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). „А1он“ од извори во кадровската комисија на Владата, дознава дека Сотирова-Бухова, чиј мандат истече во месец април, најавила дека нема да се јави на новиот конкурс за директор на ДСЗИ, бидејќи кариерата планирала да ја продолжи на друга работна позиција. Овие информации се непотврдени, а за нив треба да се дискутира на утрешната владина седница.

Неофицијално, извори од Владата за „А1он“ велат дека Сотирова-Бухова пред четири месеци најавила дека не сака повеќе да остане на функцијата. Оттаму велат дека повлекувањето е од приватни причини. „А1он“ праша го праша и министерот за здравство, Беким Сали, дали како предлагач на директор за ДСЗИ, има замена за Сотирова-Бухова, но досега нема одговор.

На почеток