Скопје

Ќе се откаже ли Заев од зборот „македонски народ“од преамбулата и „македонско“ од државјанството , за Касами да гласа за Северна мкд?

Продолжуваат разговорите на Владата со претстваниците од опозициската БЕСА од албанскиот блок за обезбедување двотретинско мнозинство за уставните измени. На денешниот состанок на работната група составена од претставник од Кабинетот на претседателот на Владата, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон и претставници од раководството и пратениците од „Беса”, треба да бидат разгледани детално предлозите и да се дефинираат конечните позиции.

Ова е втора средба со претставници на БЕСА по онаа во петокот на претседателот на опозициската партија, Билал Касами со премиерот Зоран Заев. На таа средба Касами од премиерот Зоран Заев неофицијално побарал бришење на зборот „македонски народ“ од преамбулата и „македонско“ од државјанството (да остане само граѓанин на Северна Македонија), а втор официјален јазик на цела територија на Македонија биде албански.

Овие се барања и од претседателот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села и истите од двете опозициски албански партии не се нови. Претходно, кога Касами и Села излегоа во јавност со овие барања, премиерот Заев велеше дека нема да дозволи да се шири Пандорината кутија, со тоа, тврдеше дека нема други промени во Уставот освен оние кои се наложуваат со Договорот од Преспа. Касами на пресс-конференција пред неколку месеци, рече дека барањата не се уцена за да гласаат за Устсавни промени, туку реални барања за правата на Албанците.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток