Заев: Го сакам бугарскиот народ, како што си го сакам македонскиот


Македонија и Бугарија повторно се враќаат на „патот на пријателството и добрососедството“ рече денеска поранешниот премиер Зоран Заев Кој присуствуваше на настан во Американскиот универзитет на Европа – ФОН на доделувањето титула почесен доктор на Илхан Ќучук, европратеник и известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија.
„ Стојам секогаш на располагање на помош на добрите односи како поранешен премиер. Неодамна имаше средба на премиерот Ковачевски со претседателот Румен Радев и со вашиот технички премиер, веќе работиме на економски проекти и на енергетската криза, како и на многу други активности. Верувам дека се враќаме на патиштата на пријателството, соработката и добрососедството, ние сме блиски народи, ние сме со иста заедничка перспектива и ние треба да обезбедиме нашите деца да може да соработуваат. Го сакам бугарскиот народ, како што си го сакам македонскиот, тука сум да помагам, затоа и се вратив во бизнисот и работам економија“, рече тој.
