Скопје

Малолетник „пакостел“ во Ѓорче Петров, полицијата со детали

На 12.09.2022 во 21.15 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров лишиле од слобода малолетник од с.Чајлане-скопско.

Тој се сомничи дека на 04.09.2022 во паркот во Ѓорче Петров одзел велосипед. Велосипедот бил пронајден и вратен на оштетениот. Известен бил Јавен обвинител и по целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На почеток