Свет

Путин ја започна дводневната посета на Узбекистан

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја започна дводневната посета на Узбекистан, каде ќе учествува на самитот на Шангајската организација за соработка.

Предвидени се и голем број средби во билатерален и мултилатерален формат.

Според помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, денеска претседателот на Русија ќе се сретне со неговиот колега од Киргистан Садир Јапаров, со претседателот на Туркменистан Сердар Бердимухамедов, со претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев, со претседателот на Иран Ебрахим Раиси, со премиерот на Пакистан Шахбаз Шариф и претседателот на Кина Си Џинпинг, пренесе Тас.

Покрај тоа, денеска ќе се одржи и трилатералниот самит Русија-Монголија-Кина.

Претседателот на Русија утре ќе има билатерални разговори со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, со премиерот на Индија, Нарендра Моди и со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.

На почеток