Магазин

Корисниците имаат проблеми со апликацијата TikTok

Популарната платформа TikTok не е функционална за многу корисници ширум светот.

Сајтот DownDetector, кој ја снима работата на онлајн сајтовите и сервисите, доби жалби од голем број корисници дека популарната апликација TikTok не им работи.

Корисниците пријавуваат проблеми со најавувањето, многумина ја затвораат апликацијата по неколку секунди по најавувањето, а има и други проблеми.

Според се, корисниците на iPhone имаат најголем проблем со апликацијата која е во сопственост на кинеската компанија byte Dance.

Засега, TikTok не објави ништо за корисничките извештаи на веб-страницата DownDetector.

На почеток