Магазин

Една од култните игри, The Sims 4, станува бесплатна

EA објави одлична вест за сите фанови на Симс. Играта The Sims 4 ќе биде бесплатна за преземање од 18 октомври и на голем број уреди, од PC и Mac до PlayStation 4 и 5 како и конзолите Xbox.

„Пречекавме милиони играчи на Симс и со љубопитност гледавме како нивната имагинација дивее, откривајќи и поврзувајќи се преку идеи, искуства и верзии за себе, во реалноста и во играта“, гласеше нивната објава.

Тие истакнаа дека овој потег е „израз на благодарност до верните фанови“, а на Твитер порачаа дека се радуваат на повеќе играчи, приказни и „начини за создавање хаос“.

LADbible пишува дека некои фанови шпекулираат дека овој потег може да значи дека The Sims 5 е на хоризонтот, иако точниот датум на лансирање сè уште не е познат. Гејмерската заедница шпекулираше дека новиот Симс ќе биде мултиплеер, а Лаура Миле од Electronic Arts во интервју изјави дека сакаат да се фокусираат на „социјалната компонента на играта“.

“Во последните 20 години научивме многу за тоа како играчите влегуваат во интеракции, што ги мотивира, како соработуваат. Затоа ни е многу важно што во новата генерација на Sims ги имаме најдобрите алатки со кои играчите ќе ја прошири нивната креативност“, истакна таа.

На почеток