Се вжештуваат страстите: Данела Арсовска уцената со кривични пријави, прашува опозицијата
„Данела Арсовска е уцената и одработува за СДС и Ковачевски“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат:
Данела Арсовска самата се вброи во новоформирана коалиција која е финансирана и контролирана од пара полициските структури на СДС.
Вистинското прашање е што е уцената позади која Арсовска е принудена да одработува за СДС и да брка луѓе од работа.
Дали е тоа поради тоа што е фатена во сомнеж за корупција од 160 милиони евра за пречистителната станица, незаконски дејанија кои ги потврди и Европската инвестициска банка?
Дали е поради тоа што Арсовска се доведуваше во поврзаност со палењето на возило на извршната директорка на Сојузот на Стопански комори и непревземањето на МВР на конкретни дејанија за овој случај?
Дали Арсовска е принудена да одработува за СДС за да се спаси од кривичен прогон влегувајќи во новоформираната коалиција на уценети одработувачи на власта?