Ковачевски не седнува со Мицкоски во четири очи
Димитар Ковачевски, премиер, најави дека за во среда се поканети Христијан Мицкоски и двајца економисти од ВМРО-ДПМНЕ. Ковачевски посочи дека нема да прифати т.н. „неутрално место“ за средба, туку само на состанок во Влада, во среда.
„Местото каде се носат економски политики е Владата односно во економскиот совет во проширен состав, кој функционираше во корона кризата. Сите решенија од таму беа преточени во одлуки на комисии, тела и седници на Влада. Тоа е институционалниот начин за одлуки. Во среда има закажано состанок, каде поканети ќе се претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и двајца економисти од ВМРО-ДПМНЕ кои и претходно беа поканети но не дојдоа“, посочи Ковачевски.
Тој одби состанок на како што вели „во четири очи“, кога во прашање е Мицкоски.
Инаку, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара од Ковачевски да се сретнат во седиштето на неговата партија, за да му даде понуди односно контакти за купување на поевтина сруја.