Актуелно

Мали промени на министри во Владата, најави Ковачевски

Нема да има големи нови промени во кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски.

„Среќен сум што Ристо Пенов е предложен, го сметам за еден од најдобрите градоначалници во Македонија. Има успешни проекти. Прво ќе оди оставката па избор на нов министер“, кажа Ковачевски.

Иако се споменуваше празнење на ресорот здравство, засега тоа не го споменува премиерот Ковачевски.

„Јас мислам дека ќе има само мали промени. Освен министер за локална самоуправа, нема друг план“, додаде тој.

На почеток