Марк Цукерберг: „WhatsApp е многу поприватен и побезбеден од iMessage“
Во јануари, официјален претставник на Google го критикуваше Apple за апликацијата iMessage, а сега извршниот директор на Meta, Марк Цукерберг, имаше што да каже за iMessage.
Во својата објава на Инстаграм, Закерберг вели дека WhatsApp е „многу поприватен и побезбеден од iMessage“.
Услугата користи end-to-end енкриптирање, кое работи и на iPhone и на уреди со Android, и вклучува групни разговори, шифрирани резервни копии end-to-end и пораки што се бришат самостојно. Ова се сите карактеристики што ги нема iMessage, според Цукерберг.
Промена на врвот на листата на телефони со најдобри камери
Токму на ова се фокусира рекламата, која е дел од фотографијата во најавата на Цукерберг, а целта е да им укаже на важноста на end-to-end енкрипцијата на луѓето во САД.
Вил Каткарт – шеф на WhatsApp во Мета – дополнително го појаснува ова во својот твит. Тој вели дека WhatsApp очигледно расте во САД и дека сака да го види тоа да продолжи.
We’re expanding the marketing campaign we started back in January to tell people in the U.S. about the importance of end-to-end encryption. 5.5 billion SMS messages are still sent daily in the U.S., but SMS messages aren’t secure. pic.twitter.com/c0P8FW37Rw
— Will Cathcart (@wcathcart) October 17, 2022