Македонија

Која е докторката која не му дава терапија на Боки 13, со што му го загрозува животот

Јулијана Ангелова е домскиот доктор кој и покрај јавните алармирања од страна на адвокатот Владимир Туфегџиќ, го остави Бојан Јовановски-Боки 13 без медицинска терапија, пишува „А1он“. Никој од здравствените власти, не го контактирале адвокатот, откако тој обзнани дека Боки 13 не добива терапија, ниту е однесен на болнички контроли.

„А1он“ се обиде да добие одговори од доктор Ангелова, која не ординирала соодветни медикаменти согласно отпусното писмо од болницата каде се лекуваше Боки 13, но таа молчи на прашања дали чувствува одговорност за нејзините постапки и дали ќе гледа вина кај неа ако затвореникот дополнително има влошена здравствена состојба.

Адвокатот на Боки 13 кажа дека на овој начин, на неговиот штитеник му е дополнително загрозено здравјето.

Повеќе

На почеток