Свет

(ВИДЕО) Активистки за заштита на животната средина ги залепија рацете на рамки од сликите на Гоја

Две активистки за заштита на животната средина ги залепија рацете на рамки од сликите на Гоја во Мадрид, со што го осудија непостапувањето на властите во борбата против глобалното затоплување, соопшти шпанската полиција.

Тие не ги оштетиле платната, туку напишале „+1,5°C“ на ѕидот меѓу двете слики, што се однесува на крајната цел за затоплување поставена од меѓународната заедница.

И двете се уапсени и приведени, пренесуваат медиумите.

На почеток