Скопје

Траат проверките за бомба во „Ист Гејт Мол“, управата сподели информации

„Ист Гејт Мол е еден од објектите кои денес примија закана за поставена експлозивна направа, бомба“, велат од управата на трговскиот центар.

Тие посочуваат: Согласно безбедностите процедури на трговскиот центар, трговскиот центар беше евакуиран. Во тек се безбедностни проверки од страна на надлежните институции. Откако истите ќе завршат, трговскиот центар ќе продолжи со нормалниот режим на работа за вработените и посетителите. Дополнителни информации ќе следат по завршувањето на безбедносните проверки.

На почеток