Актуелно

Кучково добива вода, решен огромен проблем во Ѓорче Петров

„Ветувањата се реализираат! Решаваме децениски проблем“, со овие зборови, Александар Стојкоски, градоначалник на Ѓорче Петров ја објави веста дека е решен децениски проблем во Кучково, жителите добија вода. Иако ветуваше, неговиот претходник Александар Наумовски, не го реши овој проблем.

„Селото Кучково конечно добива водоснабдување согласно потребите на жителите. Ставен е во функција системот за водоснабдување. На денот кога го славиме Свети Георгиј Победоносец, заштитник на манастирот во селото, селото добива вода. За многу години! Кучково конечно добива услови според стандарди. Годинава завршени се големи инфраструктурни чекори во ова населено место. Кучково доби мапирани велосипедска и пешачка патека, нова урбана опрема, а партерно беше уреден локалитетот Крст. Продолжуваме во насока на реализација квалитетни проекти кои ќе го подобрат животот на жителите на Ѓорче Петров.“, вели Стојкоски.

На почеток