Скопје

Арсовска и по 12 месеци се жали, „откри“ и дали Скопје ќе биде украсено

Јас црна кампања и политички манипулации гледам 12 месеци, ако не и повеќе и тоа е очекувано, истакна во денешното гостување во телевизијата Алсат, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

– Град Скопје е прва институција која отпочна практично со ветинг, ние сме прва институција која расчистува со вработени кои не одат на работа и земаат плата.

Ниту еднаш не се постапило по заканите кои ги имам по моето семејство, по заканите по мене, моето дете, лидер на политичка партија излезе и на телевизија кажа дека нема да го завршам својот мандат. Јас политички манипулации нема да коментирам, нагласи Арсовска.

Во врска со новогодишното украсување на главниот град, Арсовска објасни дека градот ќе биде новогодишно уркасен.

– Главниот град ќе се украсува во рамки на нашите можности и кризата. Се предвидува пречек на новата година, ама се ќе се објави на прес-конференција и тоа ќе биде информација споделена со сите медиуми, нагласи Арсовска.

На почеток