Оваа влада треба да падне и да се почне со нови луѓе кои немаат врски ни со Груевски, ниту со Заев, порача Јоци
„Последен пат кога на некоја влада и` дојдоа странци беше онаа на Груевски, по што имаше техничка влада, СЈО, вмровци паднаа како круши по 11 години и знаеме како требаше да заврши прикаската“, пишува Јорданка Ивановска-Јоци.
Таа додава:
„Туку, потоа на Оливер му избега истиот Груевски, а сега 8 месеци молчи за пријавата во која е наведена другарка му на Никола викана Данела. Во пријавата е нејзиното име за закани по живот и запалено возило. Но, нема епилог речиси година дена. И оп, од небо падна прашање до Данела во 360 степени. Случајно? Не би рекла. Пресмешно е како истиот Оливер се јави јавно прв кога чу дека дошле Американците – ќе сузбивал човекот корупции заедно со нив. Ахм, да. Важи. Оваа влада треба да падне и да се почне со нови луѓе кои немаат врски ни со Груевски, ниту со Заев“.