Македонија

Хероин, оружје, пиротехника, прашкаста материја – седум аспења на различни локации во Македонија

На 17.12.2022 во 22.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода С.М.(37) и А.Б.(28), двајцата од Куманово. При претрес во домот на А.Б., извршен со судска наредба, бил затекнат С.М. и кај него биле пронајдени околу 4.000 парчиња различни видови пиротехнички средства – петарди. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесени соодветни пријави.

Денеска (18.12.2022) во 02.20 часот во угостителски објект на ул.„Железничка” во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода Љ.Х.(35) од Битола затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. Лицето било задржано во полициска станица и по цеолосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Денеска (18.12.2022) во 01.15 часот на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода Б.П.(21) од с.Волково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.12.2022 во 23.20 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.12.2022 во 15.10 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слободаС.Р.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.12.2022 во 21.30 часот на ул.„Плачковица“ во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода З.М.(46) од Радовиш затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На почеток