Се трага по возачот кој го прегази и уби 11-годишното девојче од Велес
Од
Објавено на
На 17.12.2022 околу 22.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Борис Трајковски“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(29) од Велес, удрило во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка од Велес, по што го напуштило местото. Во несреќата, малолетничката починала на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Додека, со телесни повреди се здобила Е.И., констатирани во болницата во Велес. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Велес.
По преземени мерки возилото било најдено и се преземаат мерки за расчистување на случајот.