Србите на северот на Косово десетти ден на барикадите, основците се враќаат на училиште
Од
Објавено на
Србите на северот на Косово и Метохија десетти ден се на барикадите поради апсењето на нивните сонародници и присуството на косовската полиција на северот на покраината.
Поставени се барикади во општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.
Административните премини Јариње и Брњак се затворени, бидејќи косовската полиција ги затвори откако Србите започнаа протести и поставија барикади.
Основците на северот на Република Косово од денеска се враќаат на настава, додека средношколците наставата ќе ја продолжат онлајн, јавува РТС.