Актуелно

Пред дочекот на Новата година, жена со автомобил слета во река

Последниот ден од 2022 година ќе го паметат припадниците на Полициската станица Челинац и Котор Варош. Кон крајот на ноќната смена со брза акција спасиле жена чиј автомобил паднал во реката Врбања.

Полициските службеници Радиша Стоканиќ и Радислав Гламочак на крајот од ноќната смена забележале возило во реката Врбања. Веднаш ги известиле колегите во Полициската станица Челинац и Итната помош и почнале со акција на извлекување на возилото во кое била повредената жена.

– Се спуштивме на брегот, и веднаш ја известивме полициската станица, итната помош и луѓе веднаш дојдоа на местото на настанот заедно со лекарот – рекол Стоканиќ, пренесува Српскаинфо.

Неговиот колега Гламочак додава дека додека го кршел стаклото, лекарот влегол во водата, и потврдил дека жената која возела е во добра состојба и дека не и е загрозен животот.

Реката и отежнатиот пристап до местото на несреќата го отежнуваа извлекувањето на повредената жена.

– До пристигнувањето на итната помош успеавме да обезбедиме чекан со кој го скршивме прозорецот за да дојдеме до лицето и да видиме за што се работи – додал полицаецот Далибор Кострешевиќ, пренесува Глас Српске.

Прва помош укажале лекари од Итната помош во Челинац, по што жената била пренесена во Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) на Српска.

На почеток