Првиот танкер што превезува течен природен гас пристигна од Америка во Германија


Првиот танкер што превезува пратка течен природен гас од САД пристигна во Германија како дел од помагањето на земјата да ја намали зависноста од гас од Русија.
Танкерот „Марија енерџи“ пристигна во пристаништето Вилхелмсхавен во Северното Море, каде што пратката течен природен гас повторно ќе се претвори во гас на првиот терминал за течен гас во Германија, кој минатиот месец го отвори германскиот канцелар Олаф Шолц.
Германија се обидува да спречи енергетска криза, поради што, покрај новите терминали, ги реактивираше старите централи на нафта и јаглен и ја продолжи работата на своите нуклеарни централи, кои, според претходните планови, треба да завршат со работа до крајот на годината.
Еколошките активисти најавија дека ќе организираат протест против доаѓањето на „Марија енерџи“, тврдејќи дека Германија не треба да увезува фосилни горива, особено гас.
Резервите во германските складишта за гас се зголемија во првите денови на 23-ти за повеќе од 90 отсто, бидејќи високите температури во поголемиот дел од централна Европа ја намалија побарувачката за греење.
