Свет

„Шолц само нека продолжи да игра, а Германците ќе се борат со Русите во Берлин“, вели Данилов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не гледа причина западните партнери да не испорачуваат тенкови на Украина.

„Ќе добиеме повеќе оклопни возила, вклучително и лесни тенкови од француско производство. Ова испраќа јасен сигнал до сите наши партнери: не постои рационална причина зошто западните тенкови се уште не се испорачани на Украина“, рече Зеленски, пренесува ТАСС.

По денешниот телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, Зеленски потврди дека Киев ќе добие француски лесни тенкови. Повикувајќи се на Елисејската палата, Ројтерс претходно денеска објави дека Макрон ветил дека ќе испорача лесни тенкови од типот AMKS-10 RC на Украина. Во меѓувреме, секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Алексеј Данилов, го критикуваше германскиот канцелар Олаф Шолц за неговата неподготвеност да го снабдува Киев со тенкови. Данилов рече дека „Шолц може да продолжи да игра ако сака Германците да се борат во германски тенкови во Берлин и Штутгарт“.

На почеток