Спасувачите на нозе: Потрагата по детето продолжува, информирана е и Хрватска
Потрагата по тринаесетгодишниот Н.В од Херцег Нови, коj исчезна од шеталиштето Пет Даница, каде што бран го повлече во морето, продолжи и денеска, јавува РТЦГ.
Шефот на Центарот за безбедност во Херцег Нови, Предраг Жижиќ за ТВЦГ изјави дека за инцидентот била информирана и Управата на хрватската полиција, во случај телото на момчето да се појави во водите на соседната земја.
„Граѓаните се вклучуваат претпазливо и би им препорачал да не се вклучуваат самостојно, туку да ги информираат надлежните за сите активности“, рече Жижиќ.
Поради силниот ветер вчера хеликоптерот на Војската на Црна Гора не можеше да полета, а од истата причина беше невозможна и воздушна потрага со беспилотни летала.
Тринаесетгодишникот исчезнал прексиноќа околу 22 часот, кога бран го повлекол во морето.
Според неофицијални информации од Одделот за безбедност на Херцег Нови, две момчиња слегле од шеталиштето за да се фотографираат, по што бран го одвлекол едното, пренесува РТЦГ.