Скокнал од прозорец среде судско рочиште: Обид за филмско бегство или самоубиство?
Од
Објавено на
Подгорчанец е повреден откако скокнал од прозорецот на Одделението за обезбедување Подгорица, на рочиште за тешка кражба.
Како што јавува „Подгорица вијести“, тој паднал врз автомобил паркиран пред зградата на ОБ Подгорица и се здобил со тешки телесни повреди.
Од црногорската полиција за „Вијести“ велат дека полицајците од Подгорица за инцидентот ги известиле службениците на Секторот за внатрешна полициска контрола и високиот државен обвинител.
Вишото државно обвинителство утврдува дали се работи за обид за самоубиство.