Актуелно

Тасевски до Спасовски: Ги предупреди ли дека ако само еден викне антимакедонски слоган на гробот на Гоце, ќе бидат приведени од прв до последен?

Актерот Сашо Тасевски објави статус во кој вели дека доволна провокација е тоа што им се дозволува на Бугарите да дојдат во Македонија за да се поклонат на гробот на Гоце Делчев. Тој додава дека само квинслингшка државаго остава својот народ да биде цел на странски шовинистички агентури во неговиот дом.

„Дали ти Обиџуко го предупреди бугарскиот колега дека ако од нивната тајфа само еден викне антимакедонски шовинистички слоган на гробот на Гоце, дека ќе бидат приведени од прв до последен.

Оти така прави сериозна држава.

Сериозна држава го брани својот народ од странски агенти и домашна петта колона.

Само КВИСЛИНГШКА ДРЖАВА го остава својот народ да биде цел на странски шовинистички агентури во неговиот дом.

Дали се разбираме?

Не смеете веќе ни да помислите да им го дозволите тој луксуз на Бугарите кога ни се дома.

Оти доволна провокација за Македонците е тоа што ќе ги пуштите да дојдат.

По она непријателство и уцени кои до сега ги демонстрираа кон нас, треба железна завеса да им спуштите, а не уште да ги викате на гости“, стои во објавата.

На почеток