Македонија

Спасувани скијачи на Шапка: Силен ветер, снег и магла ги заглавила на скијачкиот терен

Поради лоши временски услови неколку млади денеска се засолнале во мала куќичка во ски лифт на Попова Шапка, по што биле евакуирани со ратрак. Лицата се во добра здравствена состојба.

– Во 15:35 часот на бројот за итни повици 112 добиена е пријава од млади лица кои заглавиле на Попова Шапка и истите се наоѓле во малата куќичка која се наоѓа во ски лифтот „Г Стазата“. Поради лошите временски услови, силен ветер и снег и магла тие не можеле да се спуштат надолу бидејќи видливоста била ограничена само на неколку метри – соопштија од ЦУК.

РЦУК Тетово ја известила полициската станица на Попова Шапка, од каде со помош на ратрак околу 16 часот младите лица биле симнати на безбедна локација.

На почеток