Актуелно

Секој што мислеше дека Русите ќе се повлечат, беше во голема заблуда, вели поранешен советник на Трамп

Поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, изјави за Скај њуз дека секој што мислел дека Русите брзо ќе се предадат грешат.

Тој додаде дека недостигот на резерви на муниција во земјите-членки на НАТО е јасен „одраз на недостатокот на општа стратегија“.

„Списокот на бескрајни системи за оружје не е стратегија, туку развивањето на вашите цели и како можете да ги постигнете тие цели е, а тоа вклучува и проценка на вашата способност да ги постигнете тие цели. Секој што мислеше дека Русите ќе се повлечат, беше во голема заблуда“, истакна Болтон.

„Ние само реагираме од ден на ден и не размислуваме однапред“, продолжи тој.

Тој тврди дека западните земји „потрошиле премалку за националната безбедност по распадот на Советскиот Сојуз“.

„Сега сме соочени со друг проблем, како што рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, нова руска офанзива“, заклучи тој.

На почеток