Актуелно

Чернева: Имињата на бугарските клубови во земјава се избрани на тој начин што ќе ја испровоцираат другата страна

Весела Чернева, поранешната советничка на екс-премиерот на Бугарија, Кирил Петков, смета дека имињата на „бугарските клубови во земјава се избрани на тој начин што ќе ја испровоцираат другата страна“.

Таа вели дека има вина и на бугарската страна за тензиите меѓу двете земји.

„Кога отворате клуб за да биде мост за затоплување на односите, не го правите тоа да ја навреди другата страна“, рече таа. Според неа, на пример, името Цар Борис Трети ги потсетува Македонците на Втората светска војна, кога имало окупаторски трупи од Бугарија, рече таа во интервју за БТВ.

„Историски, секој има своја чувствителност. Овде се поставува прашањето што прави дипломатијата, бидејќи тоа е нејзината задача – да гради мостови и да ги решава проблемите пред тие да станат физички“, смета таа.

Чернева вели дека имињата на бугарските клубови во Македонија треба да се во согласност на законодавството „исто како што и ние тоа го бараме“ во такви случаи.

Таа предупреди дека тензиите во односите на Бугарија и Македонија не само што го прават невозможно внесувањето на Бугарите во уставот, туку се во интерес на руските цели.

„ЕУ ќе ги регулира односите меѓу Бугарија и с.Македонија кога ќе започнат преговорите за членство. с. Македонија уште не почнала да преговара бидејќи има услов Бугарите да бидат внесени во уставот“, рече Чернева.

На почеток