Коментари

Тасевски за изјавата на Ковачевски: Ајде да те видам тури ги Бугарите во уставот без да ги прашаш Македонците, скапо ќе платите

Ако во минатото се слушал гласот на народот, Македонија денеска ќе била без Рамковен договор и надвор од НАТО, вели премиерот Димитар Ковачевски.

„Во 2001 ние ќе немавме Рамковен договор, ако ги погледните анкетите пред Преспанскиот договор, ние денеска немаше да бидеме во НАТО, ако ги погледнете анкетите при прифаќањето од страна на Собранието за заклучоците за европскиот предлог и скрининг процесот, па ние уште ќе го немавме отпочнато скрининг процесот, исто и сега, лидерството е да донесете одлука за сегашните и идните гернерации, а не да се криете позади народот“, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Актерот Сашо Тасевски преку социјалните мрежи реагираше на оваа изјава на премиерот.

„Ете Таче Ел Лубриканте во лице ни плесна дека како Македонци не мора ништо да не прашаат, туку ќе си тераат по свое. Како за референдумот. Има да има Бугари во устав, па цркнале.

Оваа демократија ја научи од Американците или Талибанците?

Немаш ти со народот ништо, така?

Еј веќе не се ни срамат тоа апла да го кажат.

Таче Ел Лубриканте, амеба за уши довлечкана да владее, без легитимитет, без избори.

Што има да го прашува народот.

Ќе си прави како му е кажано.

Само тие квислинзите советници околу него, малку се заебаа ко му рекле што да каже за Македонците, кои не траба ни да се прашаат. Толку им дишат во врат газдите што веќе немаат нерви да глумат демократија и глас на народот. Стока изродена

Е па ајде да те видам тури ги Бугарите во уставот без да ги прашаш Македонците.

Премногу се занесовте во игрицата Квислинг Крафт.

Скапо ќе платите. Многу скапо“, вели Тасевски

На почеток