Македонија

Полски туристи се капеа во Охридското Езеро два дена пред Водици

Полски туристи кои престојуваат во Охрид деновиве, не одолеаја на убавото Охридско Езеро и вчера попладне се искапија во ладната езерска вода на градското пристаниште. Водата во Охридското Езеро според последните мерења е над 6 степени, а на воздухот околу 3-4 степени.

Инаку Охрид е веќе подготвен за најголемата црковно верска манифестација Богојавление – Водици, која ќе се одржи утре.

фото: Алберта Гули ФБ 17.01.2019 г.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток