Скопје

Вработените во МРТВ се жалат на условите: Во рудник да не ставеа ќе беше подобро

Вработените во зградата на Македонската радио телевизија се жалат на лоши услови за работа, откако во објактот изби огромна поплава, а потоа лифтовите беа исклучени.

Тие за „Скопје 1“ се жалат на лошата миризба која ја има во зградата, притоа, велат дека не е хумано да се качуваат и симнуваат од 20-ти кат, оти дел од нив имаат и здравствени проблеми. Надлежните неми на нивните укажувања, никој не презема одговорност, а очигледно нема ниту намера да ги поправи лифтовите.

„Да работевме во рудник, ќе беше подобро“, искоментира вработена која екипата на „Скопје 1“ ја сретна во зградата на МРТВ.

Вработените во зградата на МРТВ се жалат и поради тоа што не можат да ги одржат состаноците со нивните клиенти, поради тоа што лифтовите се дисфункционални, а тие работат на најгорните катови. Во објектот на Македонската телевизија се сместени повеќе јавни и државни претпријатија, администрација од повеќе области.

Според неофицијални информации санирањето на дефектот може да потрае и повеќе од еден месец.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток