Опис на слика: (Лева страна) Градоначалникот на Ѓорче Петров се сликал во автобус; (Десна страна) Џереми Корбин, претседател на лабуристите и лидер на опозицијата во Велика Британија, користи јавен превоз
Додека европските лидери со години одат на работа со велосипед, јавен превоз и пешки, градоначалникот на општина Ѓорче Петров денес се качи во автобус, но веројатно само за да се фотографира. Наумовски под фотографијата на која позира напиша „Да тргнеме од себе. Да ги оставиме автомобилите и да ги почитуваме мерките на Град Скопје. Со јавен превоз за службени потреби“.
Герила акцијата која ја направи Наумовски според јавноста е смешна. Голем дел од корисниците на социјалните мрежи се прашуваат како може ова да се сфати како позитивен пример, кога Наумовски делува несериозно и позерски на фотошопираната фотографија. Јавноста се сомнева во тоа дека градоначалникот на Ѓорче Петров навистина се возел со јавен превоз, односно велат дека само се качил во автобус на ЈСП за да се фотографира и објави на социјалните мрежи.
Фотографиите на светските лидери објавени на социјалните мрежи се спонтано фотографирани од страна на патници, медиуми, минувачи, а тие не позираат, како што е случајот со Наумовски.
Погледнете дел од нив:
Наумовски во периодов е актуелен оти во буџетот предвидел повеќе пари за неговата плата. Во јавноста се правда дека тој нема да зема повеќе пари и дека буџетот е така искреиран во случај да се промени законот за плати. Според познавачите на оваа проблематика, теоријата на Наумовски не држи вода. Во ваков случај, Наумовски би требало да испроектира повеќе пари за капитални инвестиции, нови објекти, одржување на зелени површини, а не за повисока плата.
Јавноста се шегуваше на негова сметка, па пишува „Можеби е разочаран што нема да зема поголема плата, па почнал да се вози со јавен превоз да заштеди некој денар“, „Човече, ако овој се вози во автобус, ја никогаш повеќе нема да се качам“, „Добро што е со кловновиве од градоначалници, овој сигурно се сликал во автобус зошо така му кажале од ПР секторот и ја утнал работата“.