Македонија

Нефју: Државниот секретар имал веродостојни информации дека Мерко бил вмешан во голема корупција

Координаторот за антикорупција во Стејт департментот на САД, Ричард Нефју, во интервју за албанската редакција на „Гласот на Америка“ рече дека не може да се споделат повеќе детали зошто градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, е ставен на американската црна листа.

„Одлуката е донесена затоа што државниот секретар имал веродостојни информации кои сугерираат дека г-дин Мерко бил вмешан во голема корупција. И така според законите, кога секретарот ќе дојде до тој заклучок, нечија определба е правно обврзувачка, како што се случи денеска“, објаснува Нефју.
Американскиот дипломат додава дека не може да ги соопшти конкретните докази, но од информациите што биле објавени како дел од соопштението се работи за злоупотреба на средства и мешање во судските постапки.

„И знаете, со оглед на природата на одлуките и нивната правна основа, тоа се информациите што можеме да ги објавиме во јавноста за овој случај“, вели Нефју.

На црната листа на САД, освен Мерко се најдоа неговата сопруга Шпреса и трите полнолетни деца.

На почеток