Грковска чека реакција за Мерко од правосудните органи

Од
Објавено на

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска очекува реакција од домашните правосудни органи откако САД вчера струшкиот градоначалник Рамиз Меркo го прогласија за персона нон грата поради неговата вмешаност во значителна корупција, со што ќе добие забрана за влез во САД.
„Јасните пораки и конкретните чекори кои ги преземаат нашите меѓународни сојузници во борбата со корупцијата мора да бидат соодветно разбрани од домашните правосудни органи. Бидејќи нивната основна улога е да обезбедат еднаквост на граѓаните пред законот и да испорачуваат ефективна и неселективна правда“, порача на Фејсбук Грковска.
