Оставките од ДУИ се политички маневар, вели Силјановска
Оставките од ДУИ се политички маневар, изјави за Канал 5, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова.
„Треба, преку премиерот, оставките да се достават до претседателот на Собранието, оти легитимитетот на министрите од нас извира и претседателот веднаш треба да ги достави до пратениците и на следната седница само се констатира престанокот на мандатот“, вели таа.
Пратеничката додаде и дека првпат слуша за условени оставки. Силјановска – Давкова е со став дека уставните измени не се гаранција дека Бугарија ќе нема нови барања.
„Чуму и се на Бугарија нови барања? Преговорите во рамки на тн. историска комисија се непресушен извор на можни барања, и во рамките на шесте кластери и во рамките на поглавјата, бидејќи во протоколите ќе дојде израз договореното или не договореното. Значи господар на прстените е Бугарија“, кажа таа.