Скопје

До крајот на годината, 35 екоавтобуси во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов потпиша Договор со Европската Банка за обнова и развој (ЕБОР) за заем во вредност од 10 милиони евра за набавката на нови еко автобуси на гас во Скопје. За набавката на автобусите ќе бидат обезбедени и дополнителни 1,8 милиони евра од Јавното сообраќајно претпријатие и грант од 1,1 милион евра за техничка соработка при подготовката на проектот. Во проектот, со сопствени средства во износ од 1,8 милиони евра, учествува ЈСП.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов по потпишувањето на Договорот најави дека со првата набавка на нови автобуси во ЈСП по седум години целосно ќе се замени застарениот возен парк на ова претпријатие.

– Моите очекувања се дека најдоцна до крајот на оваа година по скопските улици ќе може да се видат новите екоавтобуси кои ќе бидат на еколошко гориво на компримиран гас со ЕУРО 6 стандард на мотори, што значително ќе придонесе за намалување на загадувањето, имајќи во предвид дека со оваа набавка ќе можеме во целост да го замениме застарениот дел од возниот парк на ЈСП, рече Шилегов.

Тој додаде дека новите автобусу , речиси и да не го загадуваат воздухот затоа што загадуваат само 10 проценти од тоа што го прават сега дизел моторите во ЈСП „Скопје, а потрошувачката ќе биде серозно намалена и се релативно евтини за одржување.
Според директорот на ЈСП „Скопје“ Кристијан Чушков, новите автобуси ќе овозможат побрз и поефикасен превоз вои главниот град и ќе придонесат за подобрување на состојбата со квалитетот на воздухот.

– На улиците ќе се вратат зглобните автобуси, кои имаат капацитет да превезуваат речиси двојно повеќе патници од двокатните, овозможуваат побрз проток на патниците низ возилото што влијае на скратување на времето потребно за задржување на постојките, што ќе овозможи и зголемување на фрекфенцијата на возилата. Во новите автобуси, ќе има можност и за валидација на најмалку две места во возилото. Сето ова, автоматски на граѓаните ќе им овозможи побрзо да стасуваат до крајните дестинации, отколку сега возејќи се со кинеските автобуси, рече Чушков.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток