Македонија

На пратеници од ВМРО ДПМНЕ им се нудело укинување притвор во замена за гласање „за“

Дел од пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои се во притвор заради настаните од 27 април, преку посредници испратени од СДСМ добиле понуди за укинување на притворот, доколку гласаат „за“ во собранието кога на дневен ред ќе стигне договорот од Преспа – дознава „Скопје1“ од свои извори во СДСМ.

Неофицијално, се зборува дека Сашо Василевски и Крсто Муковски се двајцата договорени пратеници кои ќе гласаат за уставни измени. Љубен Арнаудов е третиот пратеник со кој се преговара, но сеуште непотврден за СДСМ, велат за „Скопје1“ извори од партиите.

Со посредниците на СДСМ преговара ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, гласно се шпекулира во јавноста. Во одредени кругови се вели и дека Мијалков преговара со СДСМ за да биде тајно амнестиран за обвиненијата подигнати од СЈО.

МИЦКОСКИ: ВО ЈАВНОСТА ИМА СОМНЕЖ ДЕКА НЕКОЈ ВО ВЛАДАТА ТРГУВА СО ПРАВОТО И ПРАВДАТА

„Самиот факт што во јавноста постои сомнеж дека некој од Владата тргува со правото и правдината, говори дека во оваа држава ниту има правда ниту има правдина, така што не би го коментирал сето она што во моментов се случува во Македонија  – ова го одговори Мицкоски на новинарско прашање околу тоа дали им е понудена опција на пратениците да гласаат „за“ договорот од Преспа, а Груевски да добие амнестија.

Според нашите извори на овој начин треба да се зголеми бројката од шест пратеници на опозицијата кои ќе гласаат „ за “ договорот од Преспа. „Скопје 1“ денес ексклузивно објави  дека односите меѓу почесниот претседател и пратеник Никола Груевски и првиот човек на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски се нарушени и тие немаат комуникација.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток