Се смеевме со пратениците кај Грујо дека гласаат на сила, Зоки и Таче продолжија со праксата, како се бричите без образ?, прашува Затаракоски
Од
Објавено на
Иљче Затаракоски кој во јавноста важи за критичар на политиките во Македонија, направи споредба помеѓу времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а во делот на гласањето во Собрание.
„Се потсмевавме со пратениците закрепостени кај Грујо дека гласаат на сила, онака како што ќе им кажат од партија. Па од ко се смена власта, дел заќутија пошо собраниските измеќари на Зоки и Таче си продолжија со праксата, а овие ко независни немаа шо да замерат.
За сега да се разбудат и да нѐ убедуваат дека е најнормално да се гласа на сила, онака како што ќе ти кажат од партија или од амбасада. Како се бричите бе дечки вака без образ?!“, пишува Затаракоски.